Се зголемува бројот на првачињата во „Магдалена Антова “

Основното училиште „Магдалена Антова“ е едно од неколкуте училишта во градот во кое што секоја година се запишуваат најголем број првачиња. Надлежните информираат дека во следната учебна година во „Магдалена Антова“ ќе учат дваесет првоодделенци повеќе споредбено со тековната учебна година.

-Ние како училиште „Магдалена Антова“ сме пријатно изненадени со бројот на првачиња кои што ги запишуваме и согласно списокот кој го добивме од надлежните служби кои што се надлежни за реонизација при запишување на првачиња . Ние избројавме некаде околу деведесетина првачиња кои што ќе дојдат во новата учебна година. Искрено се радуваме бидејќи оваа учебна година е рекорден број на првачиња кои што ги запишуваме во „Магдалена Антова“. Сметам дека „Магдалена Антова“ со ова запишување продолжува да расте , да се развива, изјави Жарко Димитриевиќ , директор на ООУ„Магдалена Антова“

Запишувањето на децата во прво одделение трае до крајот на месецов, но практиката покажува дека првачиња се запишуваат до стартот на новата учебна година. Во септември ќе тргнат на училиште  децата родени во 2012-та и во јануари 2013-та година.

Според податоците со кои што располага секторот за образование,  наредната учебна година во прво одделение треба да бидат запишани 1696 деца според списокот добиен од надлежна државна институција, но според анализите направени од основните училишта бројката на првачињата ќе биде помала за околу 90 , односно 1607. Минатата година биле запишани 1160. Надлежните од секторот за образование минатата недела апелираа  до директорите на училиштата при запишувањето на учениците да се почитува реонизацијата.

Коментари

коментар(и)