Се крпат ударни дупки по улиците

Започна крпењето на ударните дупки во градот. Екипа денеска ги санираше оштетените делови на улица ,,Бајрам Шабани”. Првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски истакна дека во првата фаза е предвидено да се асфалтираат оштетените улици во централното градско подрачје, а потоа ќе се интервенира на сообраќајниците во приградските населби.

-Направена е динамика за она што се вели реконструкција на постоечка патна инфраструктура и поставување на бекатонски плочки, тротоари, комуникација на ситни улици, таму кадешто може да се постават бекатонски плочки, затоа што нема решена комунална решена инфрастурктура-изјави Зоран Дамјановски, градоначалникот на Куманово.

Паралелно со крпење на ударните дупки, ќе се поставуваат и  бекатон плочки, на површина од околу 20 илјади квадратни метри.

-Почнувајќи со тротоарната изведба на улицата Народна револуција кај Браќа Миладиновци и другата страна, улица Црнотравска и ќе имаме 10.000 квадранти метри тротоари и улици од мали димензии каде не може да се постави асфалтна подлога заради комуникациски врски, околу 22 илјади метри квадратни бекатон ќе бидат поставени во наредниот период-нагласи тој.

Дамјановски истакна дека за 10 ина дена треба да започне и поставувањето на потпорен ѕид во Гладно поле, а во тек е и тендерска постапка за санација на мостот во населбата Карпош. За 20-ина дена е планирано да започне и реконструкцијата на канализациона мрежа во градот, на површина од околу 26 километри.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)