Се мереше нивото на шеќер во крвта во „Тоде Мендол“

Здружението на дијабетичари денеска организираше бесплатно мерење на нивото на шеќер во крвта, кое се одржа во населбата Тоде Мендол.  Претседателот на огранокот од оваа населба, Јовица Стојчевски истакна дека одзивот на граѓаните е голем. Додаде дека и другите места треба почесто да организираат вакви акции, бидејќи се работи за лица од третата добра на кои им се потребни контроли. Тој додаде дека нивниот огранок е еден од најактивните во општината.

Претседателот на здружението на дијабетичари, Стефан Јовановски  истакна дека за неполна година откриле 500 нови заболени од дијабетет, со што вклупната бројка во Општина Куманово се искачи на 7000. Тој посочи, дека надлежните се уште остануваат неми на нивниот проблем со инсулинска терапија и неисправни инструменти.

Јовановски апелираше до граѓаните особено до оние што имаат ризик фактор од родители дијабетичари, да не стравуваат туку да се приклучат во нивните бесплатни акции и да го проверат нивото на шеќерот во крвата. Доколку не се интервира навремено делувањето на дијабетот може да има големи последици врз здравјето на луѓето.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)