Се мереше шеќер во крв во населбата Железничка

Здружението на дијабетичари денеска организираше бесплатно мерење на нивото на шеќер во крвта, кое се одржа во месната заедница во населбата Железничка станица. Претседателот на Здружението, Стефан Јовановски  истакна дека според последните податоци во Општина Куманово има над 6.500 лица заболени од дијабетес, од кои повеќе од 2.000 се на секојдневна инсулинска терапија.

-Како приоритетна цел и улога на нас како здружение, кое освен Куманово ги покрива и Липково и Старо Нагоричане ни е навремено откривање на скриени шеќери и секој месец барем по две месни заедници или рурални средини, села мериме шеќер. Одзив е денеска солиден од желензичка станица во 12 часот ќе одиме во Черкезе мислам дека и таму ќе биде масовно и успешна е акцијата за мерење-изјави тој.

Од Здружението посочија дека изминатиов период имаат проблеми со дистрибуција на инсулинска терапија. Велат дека не знаат од кои причини минатата недела не добиле инсулин.  

-Цела година е така некогаш има некогаш нема, имаме голем проблем со квалитет на инструменти и ленти кои ни ги даваат на два месеци. Покажуваат неисправност или покачуваат единици кога ќе мериме, здрав човек кога ќе види дека  4-5 единици му е зголемен шеќерот ќе го фати паника а не ние што сме на инсулин и што сме веќе дијабетичари-додаде тој.

Од Здружението на дијабетичари информираа дека во сабота ќе ги посетат селата Никуштак и Ропаљце. Тие ги повикаа жителите на овие места да дојдат и бесплатно да го проверат нивото на шеќер во крвта.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)