Во текот на изминатата недела (28.02.2022 до 06.03.2022) во Куманово намален е бројот на нови случаи споредбено со неделата претходно.
Според статистиките на Министерството за здравство во текот на изминатата седмица регистрирани се вкупно 118 нови случаи во Куманово (заедно со Липково и Старо Нагоричане), додека во седумте дена претходно, биле евидентирани 159 новозаболени.
Најмногу нови случаи за еден ден во текот на изминатата недела биле регистрирани во четвртокот, кога 34 лица биле позитивни на ковид-19.
Во текот на изминатата недела починати се шест лица поради компликации од коронавирусот, додека неделата претходно имало четворица починати пациенти.
Заклучно вчерашната статистика на Институтот за јавно здравје, во Куманово активни се вкупно 137 случаи.
Од почетокот на пандемијата во Куманово, Липково и Старо Нагоричане регистрирани се 16.303 случаи позитивни на ковид.
Досега во земјата се направени вкупно 1.906.808 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.642, бројот на оздравени пациенти е 287.692, на починати е 9.079 а бројот на активни случаи изнесува 2.871.