Се намалува бројот на новозаболени, но препораките остануваат

Во Куманово како и во земјава, се намалува бројот на новозаболени од ковид 19. Изминативе седмици значајно е поголем бројот на оздравени лица, отколку на новорегистирани. Намален е и бројот на починати. Бројката на активни случаи во Куманово во моментов изнесува 110.

Минатата недела биле регистирани само 19 случаи од кои еден од Липково. Епидемиолозите со став, мерките со олабавуваат, но граѓаните да продолжат да се придржуваат до препораките и масовно да се вакцинираат.

-Ако се придржуваме, понатаму бројот на вакцинирани да се зголемува, бројот на почитување на мерки, останува само да очекуваме во наредниот период секако да очекуваме бран, но не со интензитет како што беше третиот бран-посочи Јадранка Стаменковска, епидемиолог Центар за јавно здравје Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)