Се одбележува детската недела

Под мотото „ Градиме мостови, чекориме напред “ годинава се одбележува детската недела. По тој повод , градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска на Светскиот ден на детето организираше свечен прием за децата од градинките, учениците и претставниците од Здружението за грижи и воспитување на децата.

Димитриевски им посака успех во образованието, а пак децата се интересираа за работните обврски на градоначалникот, колку трае работното време на вработените во општината и други интересни прашања, а му подарија и рачно изработена слика со логото на Светската недела на детето.

-Овде на маса јас не гледам само ученици и ученички туку гледам и идни одговорни граѓани на нашата општина, а веројатно помеѓу нив ќе има и некој иден градоначалник, советник , судија, полицаец, министер. Сакам да ви посакам на сите многу успех, да ги слушате првенствено вашуте родители, а потоа и професорите и наставниците кои даваат придонес во вашиот воспитно -образовен процес, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Возрасните не треба да забораваат дека детските права и обврски треба да се  почитуваат во текот на целата учебна година, а не само за време на одбележување на  детската недела , посочуваат  од здружението за грижи и воспотување на децата.

-Имаме со управниот одбор изработено знаменца за сликата да биде поубава  да го одбележиме Светскиот ден на детето , а целата недела со манифестации, посебно четврти октомври , кој што ќе биде Детски лирски треперења,а петтиот ден од неделата ќе се одбележува во секое училиште со пригодна манифестација-  прием на дечиња во детската организација со пасош и беч, а оваа година поголема манифетсација ќе има во „Крсте Мисирков“ , кое прославува 70 години, изјави изјави  Александар Стефановски, претседател на Здружение за грижи и воспитување на децата

Годинава, во рамки на одбележување на детската недела предвидено е да се одржат повеќе манифестации во сите училишта и градинки , меѓу нив и конкурси за поезија, проза, ликовен конкурс,  свечен прием на прводделенците во детската организација.

Ова е единственото здружение во Р.Македонија кое се уште успешно опстојува и постојано работи за унапредување на правата на децата и нивно воспитување. Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет, посочуваат организаторите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)