По повод Меѓународниот ден на децата, 01 јуни, денеска ученици од основно училиште „11 Октомври“ беа во посета на кабинетот на градоначалникот Максим Димитриевски во општина Куманово.
„Денеска не посетија учениците од ООУ „11 Октомври” од Куманово исполнувајќи го мојот кабинет со радост и позитивна енергија, при што имаа можност директно да се запознаат со работата на Градоначалникот и Општината и да ни постават многу интересни прашања, информира градоначалникот.
Учениците го запознаа и секретарот на општина Куманово, Александар Гелевски.