Се одбележува Неделата за грижа на стари лица во „Зафир Сајто“

Корисниците на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ денеска ги посетија штитениците на Домот за стари лица „Зафир Сајто“. Посетата е во рамки на активностите по повод Неделата на грижа на стари лица, која се спроведува од 19-ти до 25-ти ноември, со цел поголема интеграција на старите лица во сите сфери на општествениот живот.

-Не е прв пат ние секоја година откако постоиме, доаѓаме тоа е некоја наша традиција, да ги посетиме старите лица да им посакаме уште подолг живот, здравје да се дружиме со нив, некои подароци им донесовме-истакна претседателот на Порака наша, Милован Видановиќ.

Неделата за грижа на стари лица годинава се одбележува под мотото  „Сите сме нивни деца“. Штитениците на Зафир Сајто неделава ги посетија претставници на Здружението на пензионери, кои изведоа своја програма со песна и фолклор, активистите на општинскиот Црвен крст, кои извршија акција за мерење на нивото на шеќерот во крвта.

-Ние во оваа прилика ќе се дружиме со корисниците во Домот за стари лица Зафир Сајто, заедно со кориснците на Порака наша а во исто време ќе потпишеме и меморандум за соработка кој само ќе ги продлабочи нашите односи кои во иднина се надевам ќе бидат во насока на подобрување на условите за живот на овие две ранливи категории-нагласи директорот на Домот за стари лица, Дејан Стојановски.

Активностите во рамки на одбележување на Неделата за грижа на стари лица ќе завршат утре со посета на ученици од основото училиште Кочо Рацин.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)