Се одбележува празникот Свети Никола

Православните верници денеска го одбележуваат Свети Никола, слава која ја празнуваат најмногу семејства во кумановскиот регион. Токму поради тоа утринава голем број верници ги посетија црквите во градот, сечеа славски колачи, запалија свеќи за здравје и се помолија за најблиските. Во соборниот храм кој го носи името на светецот, митрополитот кумановско-осоговски Јосиф служеше литургија.

Свети Никола или Свети Николај Чудотворец, се верува дека луѓето ги штител од секакви неприлики, но сепак во народното предание најмногу е запаметен како господар на водите, морињата, но и по тоа што им  помагал на сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.

Меѓу народот постои верување дека на овој ден не се извршуваат домашни работи, ниту пак се потсетува на долг што го има некој. Многумина практикуваат да носат подароци за оние кои го слават Свети Никола. Меѓутоа и оние кои го празнуваат празникот по некои обичаи на одредени места во земјава своите гости не ги пуштат со празни раце, туку им даваат дарови пред да си заминат дома. Свeти Никола многумина кумановци го празнуваат и како именден.

 




Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)