Се одбележува Светскиот ден на дијабетес

Во пресред на одбележување на 14-ти ноември, Светскиот ден на борба против дијабетесот, Здружението на дијабетичари организираше бесплатно мерење на нивото на шеќер во крвта. Акцијата започна во Центарот за дијабетес, по што членовите пешачеа до Спомен Костурница, каде уште еднаш го проверија шеќерот. Претседателот на Здружението, Стефан Јовановски  истакна дека според последните статистички податоци во Општина Куманово има над 6.500 лица заболени од дијабетес, од кои повеќе од 2.000 се на секојдневна инсулинска терапија.

-Основна работа кај дијабететот е привремено и правилно третирање на самата болест односно повишен шеќер. Првенствено тие не знаат бидејќи шеќерот е таква болест, дијабетот е таква болест не дава знаци, нема бол а тогаш кога е прикриен на некој начин е најопасен и затоа ни е првенствена цел да ги откриеме новите односно скриените дијабетичари и навремено да се третираат и правилно-истакна тој.

Јовановски нагласи дека со правилен и навремен третман ќе се ублажат последиците од делувањето на дијабетесот. Додаде дека пешачењето игра важна улога во справување со болеста.

-Дневно треба три осмици, осум сати да работиш, осум сати да се движиш и рекреираш и осум сати да спиеш. Кога ќе успееме вакви некои работи да ги средиме, начинот, стилот на живеење, храна, тогаш ќе бидат намалени ризиците и покрај тоа што дијабетот е и генетска болест, а за стресовите и времето во кое живееме, тука не можеме ништо-нагласи тој.

Здружението на дијабетичари од Куманово утре со организиран превоз, во 9 часот ќе замине на манифестрацијата која ќе се одржи во Скопје. Инаку тие ги повикаа сите граѓани без оглед дали се дијабетичари или не, во среда на 18-ти ноември да присуствуваат на предавањето за хиперликемија кое ќе се одржи во болницата во 12 часот.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)