Се одбележува Светскиот ден на учителот

Претседателство на Здружение на просветни работници Куманово, на своите колеги им го честита Светскиот ден на учителот. Мисијата на просветните работници е  одговорна работа која бара континуирана надградба на знаења и вештини за излегување во пресрет на различните потреби на младите генерации кои успешно ќе се носат со животот.

Ги потсетуваме, надлежните во заедницата, дека тие ја имаат постојаната обврска во обезбедување на  адекватни услови за професионално обучени, мотивирани и добро подржани просветни работници од учениците, како најисплатлив влог на секое општеството.

На просветните работници им посакуваме, успешно справување со сите предизвици во процесот на воспитно-образовната  работа и истрајување на патот во создавање на генерации кои ќе се залагаат за добросостојба на сите-стои во соопштението на здружението на просветни работници од Куманово. По тој повод Сојузот денеска ќе додели награди на најдобрите просветни работници за оваа година.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)