Се одбележува Светски ден на Црвениот крст

Црвениот крст на Република Македонија денеска го одбележува  8 мај – Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина. По тој повод беше  промовирана и поштенска марка, а во рамки на одбележувањето  беа организирани и серија други настани во сите 34 општински организации на Црвениот крст и Црвениот крст на град Скопје.

Низа активности наредните денови ќе организира и општинската организација на Црвен крст од Куманово.

– Нашата општинска организација на Црвен крст Куманово има низа на активности. Првата од нив е со невладината организација Крепост ,  на неколку социјално загрозени семејства ќе им донираме помош во вид на храна и хигиенски средства, како и облека. Втората  активност ќе биде на 12 –ти мај со основното училиште Крсте Мисирков ќе организираме изложба каде што ќе им ја претставиме на нашите граѓани работата на нашата општинска организација и во кои дејности работи, изјави Филип Кузмановски,  волонтер во ОО на Црвен крст Куманово

Општинската  организација има 30 активни волонтери , но бројката варира бидејќи постојано се организираат  различни обуки  на кои што млади лица доброволно се обучуваат на различни теми во областа на прва помош , крводарителство, за хив инфекција и слично.

Инаку, светскиот ден на Црвениот крст и на Црвената полумесечина се одбележува во сите 190 национални друштва во чест на основоположникот на движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина Анри Динан, швајцарски трговец, кој е роден токму на 8 мај.

Црвениот крст и Црвена полумесечина е во основата на меѓународното хуманитарно дејствување и на модерното меѓународно хуманитарно право.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)