Се одржа акцијата „Нахрани 10.000“

Во рамки на одбележување на „Неделата на солидарност“денеска во Куманово, пред маркетите Тинкес и Елида се спроведе акцијата Нахрани 10.000.  

Акцијата на ниво на државата, на 29 различни локации ја организира невладиното здружение „Сите сити“. Во Куманово ја реализираат волонтерите на Црвениот крст.

-Очекуваме поголем одзив на граѓаните од општината да дојдат да донираат во поголем број храна, доколку се во можност и парични средства, да изготвиме пакети за социјално загрозени семејства. Предвидени се уште неколку активности каде ќе можат да се вклучат и граѓаните од Куманово  доколку се во можност да донираат парични средства за да изготвиме уште пакети да ги опфатиме сите загрозени-посочи Давид Живковиќ, волонтер Црвен крст Куманово.

-Се надеваме бареме помош за стари лица, лица со посебни потреби, очекуваме до 18 часот сме на штандот. Има соберени донации, се носат по села, на стари изменоштени лица, мора да им се пружи помош. Има опожарено семејство и на нив ќе им помогнеме-нагласи Становитка Николовска,  волонтер Црвен крст.

Акцијата која започна во 10, а трае до 18 часот, се спроведува во рамки на Неделата на солидарноста која се одбележува од 15 до 21 април, под мотото „Вашиот прилог значајна помош”.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)