Се одржа „Детски семафор“

Ученици од 12 основни училишта од Куманово, Старо Нагоричане и Липково учествуваа на општинскиот сообраќаен натпревар „Детски семафор“, кој што се одржа во училиштето „Толи Зордумис“. Виолета Богдановска од отсекот за превенција при СВР Куманово, истакна дека бројот на учесници на натпреварот последните години се повеќе се зголемува, бидејќи покрај натпреварувачкиот карактер има и многу дружење меѓу учениците.

-Манифестацијата инаку се организира повеќе од 50 пати на нашето подрачје и од година во  година имаме се повеќе екипи, односно основни училишта кои учествуваат. Се состои од два дела, теоретскиот дел во полагање на тестови соодветни на возраста на децата се натпреваруваат по шест деца во една екипа. И во практичниот дел вешто возење на велосипед по соодветно подготвен полигон за оваа намена, не само правилно туку и вешто управување на велосипед-изјави таа.

Инаку првопласираните ќе учествуваат на регионалниот натпревар, кој треба да се одржи на 29 ти април. На истиот ќе учествуваат победничките екипи од општинските совети за безбедност при сообраќај на патишта од Крива Паланка, Ранковце и Кратово.

-Ние секоја година сме домаќини на „Детски семафор“ и имаме добро игралиште. Имаме од порано и на државен и на општински натпревари учествувано, добри сме земаме по неколку места- изјави Станче Спасовска, професор по техничко образование во „Толи Зордумис“.

Покрај општинскиот, планирано е да се одржи и регионален натпревар на сообраќајно-техничка култура на млади во кој покрај екипи од основните училишта, ќе учествуваат и ученици од средните училишта.  Првопласираните од двете екипи „Детски семафор“ и сообраќајна-техничка култура за младите ќе учествуваат на државниот натпревар, кој ќе се одржи на 31-ви мај во Скопје.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)