Се одржа избор на детски мис и мистер

Во фоајето на Центарот за култура Трајко Прокопиев синоќа се одржа државен избор за мис и мистер, на кој се натпреваруваа учесници на возраст од 2 до 12 години. Најмладите имаа можност да се натпреваруваат во титулите избор за мир и мистер за таленти, секојдневен и вечерен стил. Организаторите истакнаа дека манифестацијата ја подготвувале повеќе од две недели.

Жири комисијата ја сочинуваа кустос етнолог Анита Ѓорѓиевска, магистар Александар Рашковиќ и пратставник од фризерското студио Нела.

-Навистина ќе ни биде тешко да одлучиме кој ќе е победникот но бидејќи имаме повеќе категории, мислам дека ќе ги задоволиме потребите на децата. По мене сите деца се убави, прекрасни, секој си носи своја ѕвезда но сепак ќе имаме потешка задача за да одлучиме кој ќе биде победникот-изјави кустос етнолог Анита Ѓорѓиевска.

Инаку Куманово за прв пат беше домаќин на избор на деца за мис и мистер во Македонија.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)