Се одржа квиз за ЕУ

Во Занетчискиот дом денеска техничкото училиште Наце Буѓони по десетти пат го реализираше квиз-натпреварот на кој учениците го покажаа своето знаење за Европската унија. На натпреварот кој се одржува по повод Денот на Европа, учениците од различни средни училишта од градот се натпреваруваа користејќи ги двата наставни јазици, македонски и албански.

-Заедно со мојот другар Емил победивме на овој квиз за Европската унија, десетгодишен јубилеј, што се одржа во Куманово по повод Ден на Европа. Многу сме среќни, знаевме некои прашања и од општа култура. Ова ни е трета година по ред како учествуваме-истакна Милош Цветковски од Наце Буѓони.

-Денеска се натпреварувавме во квизот на тема за ЕУ во Куманово. Не беше тешко ние пред тоа се подготвувавме, имавме презентации од кои учиме не ни беше тешко-посочи Емил Адемовски од Наце Буѓони трета година.

Целта на натпреварот е  наставниците и учениците заедно да ги истражуваат  вредностите на Европската Унија на кои  таа го темели својот идентитет. Освен со знаења учениците се стекнуваат и со нови пријателства со свои врсници од различна етничка припадност. Натпреварот се одржа под покровителство на општината и инфо-точката и Европското движење во Република Македонија.  Во рамки на настанот беше презентиран и туристички водич за градот, кој го изработиле учениците и нивните ментори од Наце Буѓони, а кој преку видео презентација ги прикажува културните и историските знаменитости на Куманово.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)