Се одржа концерт на млади музички уметници

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа во 19 часот, се одржа концерт на млади музички уметници. На концертот кој што е дел од проектот „Приближување на класичната музика до младите“, со оперски арии настапија студенти од Факултетот за музичка уметност, како и две гостинки од Куманово.

Присутните со силен аплауз ги поздравија младите уметници, за кои што сметаат дека во иднина ќе бидат гордост за држава. Но тие истакнаа дека на градот му недостасуваат повеќе вакви концерти.

Концертот го организираше компанијата „Проарт Маркетинг“ од Скопје. Инаку младите настапија со дела на Моцарт, Хандел, Корсаков, Верди.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)