Се одржа манифестацијата „Рома труба фест“

Шест дувачки оркестри и неколку музички гости, синоќа настапија на Градскиот плоштад во рамки на 13-та по ред манифестација Рома труба фест. Фестивалот традиционално го организира Ансамблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“, а е под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Министерството за култура на Република Македонија.

-Благодарност до сите учесници, кои земаа учество, на овогодинешниот фестивал, задоволен сум од самата организација и самите учесници, за жал морам да кажам дека сите толку добри учесници ги користиме само за еден ден. Очекувам и се надевам дека наредната година овој фестивал ќе се случува два до три дена, затоа што и самата публика тоа го бара-изјави Самет Салиевски, претседател Здружение Рушит Шакир.

Со дувачките оркестри настапија Тони Димитриоски, Стојне Николова и Ристе Ристески.

-Потребни се вакви манифестации, како што е Рома труба фест во Куманово, недостасуваат и во другите градови, да има фестивали за труба, оркестри-нагласи Ферус Мустафов уметнички директор на фестивалот.

Пред кумановци настапија оркестрите на Џамбо Агушев, „Кеми Асанов“, „Кристијан Трајковиќ“, „Исидор Зечировиќ“, „Владимир Ивановиќ“, „Елвис – Дејвид Бајрамовиќ“ и „Мартин Салијевиќ“. Учесниците на фестивалот претходно низ улиците на централното градско подрачје.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)