Се одржа маскенбалот „ Батко Ѓорѓија“

Маските  „Пиано“ изработени  од учениците на  средното стручно училиште „Киро Бурназ“, „Лебедово езеро“ од основното училиште  „Толи Зордумис“ и „Мали сликари“ од градинката „ Буба Мара “ се прогласени за најдобри на маскенбалот Батко Ѓорѓија што се одржа викендов во Куманово. И покрај тоа што тричленото стручно жири годинава навистина имаше тешка задача, сепак мораше да се одлучат за само три од десетиците маски кои што учествуваа на 16-от по ред маскенбал.

Инаку, повеќе од 1000 учесници од градинките, основните и средни училишта, со индивидуални и групни маски викендов продефилираа низ кумановските улици, за да на крајот се претстават пред жири комисијата пред се, на градскиот плоштад . веќе традиционално, редовни гости во ревијалниот дел беа учениците од струмичките средно училиште  „Димитар Влахов“ , со маска од Струмичкиот карневал.

Маскенбалот традиционално е во организација на Фондацијата за култура и спорт , под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово. Маскенбалот го отвори градоначалникот  Максим Димитриевски, кој посака успех на сите учесници, со желба да победи најкреативната и најубавата маска. Тој упати благодарност до родителите, учениците, наставниците, професорите и сите останати кои што придонеле да се одржи манифестацијата.

За разлика од минатите години, оваа година маскенбалот се одржа во попладневните часови , но променливото и дождливо време сепак ја намали посетеноста на маскенбалот .

Коментари

коментар(и)