Се одржа „Маскенбал“

Маската  „Девојка од хартија “ на Нина Тасевска го освои првото место на синоќешниот „Маскенбал“ организиран од центарот за култура „Трајко Прокопиев“. При изборот на најдобрите маски, целта на жири комисијата првенствено беше да се наградат рачно изработените маски во кои е вложен труд, креативност, фантазија.

Диплома и награда за освоено второ место на Маскенбал доби учесничката Нина Штериовска со маската „Подвижна енциклопедија “, а трето место освои  Ања Јовчевска со маската „Сребрена риба“.

Диплома и награда за најдобра групна маска доби маската „Чоколатца со посвета“ .

Инаку, на сцената на центарот за култура на традиционалната манифестација можеа да се проследат најразлични маски , секоја на свој начин оригинална.

Маскенбалот за деца и младинци се одржува врз основа на претходно објавен Kонкурс од страна на центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)