Се одржа обука за КПУ за сметководители

Кумановските сметководители имаа можност да присуствуваат на обука за континуирано професионално усовршување, која што ја организира Професионал акаунт од Скопје.

Сметководителите од североисточниот регион имаа можност да се обучуваат за програмата континуирано професионално усовршување, која ја реализира Професионал акаунт од Скопје.

КПУ претставува постојано стручно усовршување со цел надградување на теоретските и практичните знаења и вештини заради професионално и ефикасно вршење на сметководствените работи во согласност со Законот за вршење на сметководствени работи. На обуката всушност се зборуваше за изготвување на завршната пресметка и финансиските извештаи за 2019 година.

-Не е само обука, тука споделуваме искуства, со цел да добиеме некое поголемо значење за нашата сметководствена професија, која е една од најважните за државата.  Промени има многу, особено оваа година со новите измени на законите. Потребно е сметководителите да бидат запознаени, да ги следат промените за да потоа му помогнат на бизнисот, да ги искористат сите поволности кои што се дадени во државата-истакна Ксенија Чаминска, управител Професионал акаунт Скопје .

Професионал акаунт организира обуки за КПУ за сметководители низ целата држава.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)