Во спортската сала на средното стручно училиште „Перо Наков“ денеска се организираше општински футсал натпревар во машка и женска конкуренција меѓу екипи од средните училишта во градот.
Екипите од „Гоце Делчев “ се победници на натпреварот, а второто место им припадна на машката и женската екипа од „Перо Наков“.
-Во женска конкуренција настапуваат три училишта, Перо Наков, Гоце Делчев и Наце Буѓони. Во машка конкуренција учествуваат четири училишта. Во првиот натпревар женска екипа играа Киро Бурназ и Перо Наков, каде што Перо Наков го освои првото место и потоа играме со Гоце Делчев во финале. Инаку, футсалот како спорт е доста застапен во нашата општина, особено машката екипа, а женскиот спорт наназад пет години е малку поразвиен за разлика од претходно и од година в година има се повеќе заинтересирани ученички кои што сакаат да напредуваат во овој спорт, изјави Радица Димитриевска, професор по физичко образование
Екипи од „Перо Наков“ континуирано учествуваат на регионални натпревари, а секоја година училиштето е домаќин на државен натпревар по футсал. Пред две години, „Перо Наков“ освои второ место на државниот натпревар .