Се одржа работилница на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот

Во кружната сала во Комитет денеска се одржа 3-тата работилница за стратешко планирање, која што е дел од проектот за воведување и имплементација на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Куманово, Старо Нагоричане и Липково. Работилницата е од стратешко значење за креирање на идната стратегија на локалните акциони групи, од проектот кој што го финансира УСАИД за експанзија на мали и средни бизниси.

Проектниот координатор на Североисточен плански регион информираше дека целта на оваа работилница е да ги завршат досега сработените планови и идеи, кои што ги имаат замислено.

-Денеска ќе се постават целите, визиите, мисијата на идното здружение кое ќе биде формирано и планираме до јуни да завршиме со регистрацијата и мали пилот проекти како една групација на приватниот, граѓанскиот, невладиниот, како и општинскиот сектор од кој што досега имавме голема поддршка-изјави Даниела Трајковиќ, проектен координатор на Североисточен плански регион за ЕУ ЛЕАДЕР.

Работилница на истата тема пред два дена се одржа и во Ранковце, каде што има локална акциона група.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)