Се одржа работилница со мултикултурна содржина

Во рамки на проектот Интеграција во основното училиште, кој се спроведува под мотото Разликите не приближуваат, а го имплементира Здружението Доверба, денеска во основното училиште Вук Караџиќ се одржа работилница на која присуствуваа и ученици од основното Толи Зордумис. Учениците од мешани етнички групи преку учество во креативни активности, градеја пријателство.

-Како што најавивме продолжуваат овие пријателски училници на пат кон почит и разбирање со цел  да се создаде сензибилизација тимска работа, чувство на припадност, емпатија, искреност, споделување на вредностите како понатаму би продолжиле учениците да сработуваат и во другите области како би можеле да видат дека значајност на личност е преку тоа колку умее каква личност е а не каква етничка припадност е и каков род е-истакна Дивна Јанкова, Здружение Доверба.

Директорката на Вук Караџиќ, истакна дека и утре ќе се одржи  работилница со мултикултурна содржина.

-Сметаме дека мултикултурализамот во ова училиште е на едно повисоко ниво во однос на другите средини во градот и пошироко и со ова можеме да кажеме дека ваква една работа со учениците придонесува да се развива чувството за мултикултурализам, различноста да се почитуваат меѓу себе на едно повисоко ниво така што ние продолжуваме во секој случај со овие активности бидејќи ни се предвидени и по годишната програма  се снаоаме и за работи за кои е потребна материјална поддршка сепак е потребно во таа сфера во областа на иксуството на луѓето стручната служба во однос на чувството дека таквите работницилни се потребни мислам дека во нашите две училишта тоа е на едно завидно ниво-нагласи Надица Петровска, директор ОУ „Вук Караџиќ“.

Проектот е финансира од ЕУ и Цивика, а реализатори се Мирован акција Прилеп и Доверба Куманово.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)