Се одржа регионален противпожарен натпревар

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска се одржа 32-от регионален противпожарен натпревар за ученици од основни и средни училишта, во организација на противпожарниот сојуз на Република Македонија. Во категоријата кадети победата ја однесоа учениците од основното училиште Крсте Мисирков, кои се натпреваруваа со основците од Кратово, Пробиштип и Свети Николе.

-32 години одржување на вакви натпревари тоа е навистина голема бројка, во натпреварите учествувале  над 1.000 ученици. Тие имаа можност да научат нешто повеќе за противпожарната заштита, да освојат награди, но и да другаруваат меѓу себе. Им посакувам успех и нека победат најдобрите –изјави Никола Николов претседател на противпожарен сојуз на Република Македонија

Предметниот наставник од основното училиште Крсте Мисирков,  Јасминка Бошковска истакна дека е задоволна што учениците се покажаа како најдобри.

-Како и секоја година така и  оваа учениците првин освоија прво место на општинскиот натпревар па сега и на регионалниот.  Се подготвуваа подолг временски период материјалот е доста тежок, учеа редовно и се надеваме дека и на државниот ќе освојат победа, и ќе бидат меѓу првите места-посочи таа.

Најдобрите од овој натпревар ќе учествуваат на републичкиот натпревар, кој ќе се одржи наредниот месец во Кавадарци.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)