Се одржа свечена светосавска академија

Со настап на повеќе уметници од Македонија и Србија, ученици и културно уметничкото друштво Српски вез, синоќа во кумановскиот театар се одбележа празникот Свети Сава. Светосавската академија ја организира Српската заедница во Македонија. На прославата присустуваа и заменик претседателот на Собранието на Република Србија, Верољуб Арсиќ, како и пратеникот Александар Чотровиќ. Заменик претседателот на српското Собрание посочи дека му е чест што овој значаен празник ќе го одбележи со Србите во Куманово. Додаде дека Свети Сава е духовник и водич кој пропагирал единство, за што и најмногу треба да се обрне внимание, особено како што рече во сложената политичка состојба во Македонија.

-Мислам дека сите недоразбирања треба да се решаваат со дијалог, неодамнешната посета на премиерот на Мaкедонија во Република Србија токму оди во тој прилог, според што мислам дека и Србија и Македонија покажаа на целиот регион како треба да се решаваат меѓусебните проблеми, недоразбирањата да се надминат бидејќи не постојат поблиски народи од српскиот и македонскиот, и не кога е лошо не може да им биде добро на Србите и обратно-посочи тој.

Пратеникот од српското собрание Чотровиќ, кој веќе 10-ина години присуствува на вакво одбележување на Свети Сава, се заблагодари што на Србите во Македонија им е овозможено на свечен и достинстен начин да го одбележат значајниот празник, нагласувајќи дека тоа може да придонесе за добри односи меѓу двете држави.

-Ние од друга страна се обидуваме положбата на македонската заедница во Србија да биде во рамки на највисоките европски и светски станда2рди и сигурно ваквите манифестации на планот на култура на кои присуствуваат претставници на македонската држава и претставниците на локалната самоуправа како и на институции од Србија што може да придонесе за само уште подобра соработка на нашите две соседни држави и тоа сигурно ќе придонесе кон политичките и економските и културните односи и тоа ќе биде секако на корист на жителите во двете држави-нагласи тој.

Пред присутните на свечената академија се обрати претседателката на Српската заедница во Македонија, Гордана Јовиќ Стојковска.

-Од исклучително значеен пред се бидејќи се работи за Свети Сава за празник кој секој Србин го носи во себе и почитува без оглед на политичките верски или други различности Свети Сава за нас е навистина нешто посебно и сите се поклонуваме и ги почитуваме сите негови дела. За нас Србите во МАкедонија овој ден е многу посебен бидејќи е наш национален празник бидејќи е ден кога Србите можат да ја почитуваат својата националност, идентитетот својата култура и традиција-истакна таа.

На настанот присуствуваше и амбасадорката на Република Србија во Македонија, Душанка Дивјак Томиќ.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)