Се одржа симболичен марш за родова рамноправност

По повод Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, денеска во центарот на градот, се одржа симболичен марш за родова рамноправност. Исто како и претходните години, неколку граѓанки, поради актуелната политичка состојба, од Градскиот плоштад се упатија пред споменикот на Жена борец, кадешто закачија пораки со клучни прашања кои се однесуваат на жените. Организаторите истакнаа дека се задоволни што минатата година едно од нивните барања беше исполнето.

-Тоа е правото на еднакви години на заминување во пензија, сега жените имаат право на избор кога ќе заминат во пензија, рамноправно со мажите и оваа година протестираме за родовата рамноправност во подлебата на политичките функции за еднаков број на министерски, градоначалнички места за правото на сите жени на работа бидејќи се уште има жени на кои им се забранува да работат. Исто така протестираме за правото на еднаквост во платите на жените и мажите-истакна Оливера Доцевска, организатор.

Маршот го организираше граѓанската организација Јустиција.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)