Се одржа Собрание на здружение на дијабетичари

Здружението на дијабетичари од Kуманово денеска одржа Собрание на кое беше усвоена програмата за работа и финансискиот план за наредната година, финансовиот извештај од  минатата година и констатирани одредени кадровски промени  во раководството и другите членови.

-Предвидуваме акции за бесплатно мерење шеќер во крвта во неколку колективи, во чевларска индустрија во текот на месецов, потоа во неколку села Воиновиќ и Табановце, Љубодраг и Умин дол. Веројатно за денот на здравството 7 април ќе има одредена рекреативна активност со мерење на шеќер во крвта на нашите членови и на поширокото  граѓанство. Тоа се првите активности до крајот на месец март, понатаму ќе предвидиме уште активности, едукативни предавања за причините и последиците од шеќерната болест  која за жал се повеќе се шири, изјави Зоран Бојковски од здружението  на дијабетичари

Веднаш по одржаното собрание, беше реализира и првата активност од тековната програма на здружениото на дијабетичари . Специјалистот по медицина на труд,  д-р  Даниела Тодоровска Јовановиќ од здравствениот дом за членовите на здружението одржа предавање на тема „ Периферна артериска циркулација и доплер“.

– Мојот апел до граѓаните е дека Здравствен  дом работи во „Мој термин“  и можат матичните лекари да закажат термин до здравствениот дом  за изготвување упат и пациентите да бидат соодветни упатени и прегледани во нашата институција , изјави д-р Даниела Тодоровска Јовановиќ , спец.по медицина на труд во Здравствен дом

Надлежните апелираат до граѓаните почесто да го проверуваат нивото на шеќер во крвта бидејќи дијабетесот веќе е масовна појава и многу е подобро да се превенира. Но доколку болеста се открие, тогаш заболените од дијабетес треба редовно да ја примаат соодветната терапија препишана од лекарот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)