Се одржа традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија“

Принцези, пеперутки, вештерки, штрумфови, ликови од суперхерои, роботи и слично се само дел од маските кои што учествуваа на денешната манифестацијата маскенбал Батко Ѓорѓија, што се одржа на градскиот плоштад. Маскираните деца и ученици прошетаа низ централните градски улици. Mанифестацијата е во организација на Секторот за култура и Фондацијата за развој на култура и спорт од општина Куманово.

-Традиционално се одржува манифестацијата од 2002 година преку Коледарското здружение а потоа го презема општината под покровителство на градоначалникот Зоран Дамјановски, советниците, односно Советот на општина Куманово има огромна поддршка на радост на сите наши сограѓани пред се на најмладите од градинката Ангел Шајче и сами видовте навистина прекрасни маски и тоа ни дава голема инспирација и повод ова да прерасне во карневал кој би имал и поголемо и меѓународно значење-посочи претседателот на фондацијата, Нино Величковски.

На маскенбалот учествуваа поединечни маски, ученици од сите средни и основни училишта од градот, но и деца од шестте објекти на градинката Ангел Шајче

-Одзивот е голем со тоа што традиционално гостуваа од струмичкиот карневал заедничка маска  од средните училишта а пак во ревијалниот дел ќе настапат деца и од нашите три средни училишта Перо Наков, Гоце Делчев и Киро Бурназ тоа ќе биде како шлаг на сето ова што се случува, иако гледам дека индивидувални маски има многу интересни и групни-додаде тој.

Трочлена комисија ќе ги додели најградите за поединечна, групна, детска маска и слично.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)