Се одржа трибина за дијабетес

„Дијабетес-превенција и лекување“ е тема на трибината која се одржа синоќа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, а ја организираше општинскиот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.  Трибината е по повод 14-ти ноември, Меѓународниот ден на борба против дијабетес, а пред присутените за типовите на шеќерната болест, дијагостицирањето, лековувањето, компликациите и превенцијата зборуваше Миомир Панковски, интернист од Центарот за јавно здравје од Куманово. Тој апелираше граѓаните при секој почувствуван симптом на пиење поголема количина течност, глад и слабеење, веднаш да ги направат основните лабораториски испитувања на нивото на шеќерот во крвта, затоа што може да дојде до тешки компликации.

-Во суштина на дијабетесот, на шеќерната болест лежи недостаток на инсулин кој не го регулира само метаболизмот на шеќерот туку и метаболизмот на масти и протеини. Што се однесува до мастите токму затоа се јавува вишок на холестерол кој се таложи во крвните садови, што последователно доведува до зголемување на крвниот притисок, а како последица на тоа се надоврзува срцето и сето тоа оди во еден затворен круг-нагласи тој.

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Трајковска истакна дека и во иднина ќе продолжат да организираат трибини кои се поврзани со здравјето на луѓето.

-Трибината има едукативен карактер  за да се запознаат луѓето присутни на денешното предавање со симптомите на дијабетесот, превенција за да не дојде до настанување на оваа болест и начините на лекување, што е она кои се последиците доколку настапи и  не се третира навремено. Сведоци сме дека во последно време се почесто и помали деца имаат проблеми со ваква болест-нагласи таа.

На трибината присутените имаа можност бесплатно да го проверат нивото на шеќерот во крвта. Инаку според податоците на Светската здравствена организација дури 346 милиони луѓе во светот страдаат од дијабетот.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)