Се одржа Форум на работодавачи

Дваесетина работодавачи денеска имаа можност да се запознаат со мерките за вработување, кои што ги нуди државата. Форумот го организираше Центарот за вработување, Министерството за труд и социјална политика, Националниот совет за претприемништво и УНДП, а има за цел да го подобри социјалниот дијалог меѓу работодавачите и невработените. Благе Јакимовски од Центарот за вработување, смета дека ваквата соработка носи бенифит за двете страни.

-На денешниот Форум на работодавачи ние истапивме и ги објаснивме сите мерки она што значи субвенционирано вработување, обука кај познат работодавач, практиканство, одредено стимулирање на лица корисници на социјална помош и други ранливи категории, стимулирање на работно место преку обука е едно од најпримамливи каде што три месеци лицето оди на обука, а потоа шест месеци оди на работа и прима 14.000 денари бруто плата, а работодавачот 5.000 денари по тие шест месеци тој има обврска лицето да го задржи на работа уште 12 месеци. Има многу поволни мерки кои работодавачите може да ги искористат, а ние сме тука за да им помогнеме-изјави тој.

Според него работодавачите на овој начин можат да најдат и квалитетни лица, кои што подоцна ќе ги вработат во своите компании. Дел од работодавачите веќе користат одредени мерки, но повеќето се заинтересирани за вработување стручни лица.

-За сега ја имаме користено мерката за ослободување од придонеси за вработување на лице под 29 години, потоа го задржавме лицето на работа а сега сме во план да користиме некоја од мерките за практиканство затоа што имаме голема заинтересираност за пракса во нашата компанија…Пред се желба да се научи нешто од нашата дејност, информатичка технологија, пред се сервис на компјутер и слично.- Бисера Петковска Софтмак компјутери.

Инаку Форумот на работодавачи е дел од активностите за намалување на невработеноста во државата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)