Се одржа хуманитарниот концерт за децата со пречки во развојот

Во „The Yard lounge bar“ синоќа се одржа хуманитарниот настан наменет за децата со пречки во развојот од Куманово. Акцијата ја организираше истоименото кафуле заедно со хуманитарната организација Крепост. Кумановци имаа можност да проследат концерт, но и да купат уметнички фотографии, односно да даруваат. Собраните средства се наменети за изградба на сензорна соба во основното училиште „Браќа Миладиновци“, во кое се образуваат над 50 ученици со посебни потреби.

-Ова е веќе осма по ред акција која е во рамките на организација на Јард особено ни е чест што станува збор за уште една хуманитарна забава. Навистина ми е чест кога се прават вакви акции, настани, кои придонесуваат за поттикнување на хуманоста, да дојде до израз она вистинското што е во луѓето, да се помогне на некого што навистина значи во тој момент-истакна Бошко Тасиќ, претставник на „The Yard lounge bar“.

-Јас сум пријатно изненаден од големиот одзив на присутните, речиси само што помина 20 часот а кафулето е веќе полно. Кумановци навистина ја покажуваат својата хумана страна, имавме голема медиумска покриеност и благодарност до сите медиуми кои ја развија оваа акција да ја пробудиме свеста кај секого од нас, ќе биде интересно имаме интересна програма –нагласи Христијан Георгиевски, претседател на Крепост.

-Самото присуство кажува дека Куманово навистина знае да биде хуман град тогаш кога е најпотребно, сакам да искажам голема благодарност до сите присутни на настанот и благодарност до самите организатори -дополни Марко Андевски од Крепост.

Дефектологот при основното училиште „Браќа Миладиновци“ и еден од иницијаторите за овој настан, Тино Шаботиќ, кој секојдневно работи со над 50 ученици со пречки во развојот, истакна дека изградбата на сензорна соба е важна за нивниот понатамошен развој.

– Сензорната соба всушност претставува соба за сензор на интеграција за подобрување на детскиот развој, за подобрување на нивното внимание, учење, опуштање, подобрување на нивното помнење, има многу бенефити.  Се работи за ученици од прво до деветто одделние кои се вклучени во специјални паралелки при основното училиште Браќа Миладиновци и се предвидува оваа сензорна соба да биде наменета за нив-нагласи тој.

На концертот настапија Филип Стевановски, Бионда, Трета Смена и Слободан Кузмановски.

-Гледаме секогаш да сме во можност, затоа што секогаш сме за вакви работи и ќе бидеме и понатаму, хуманоста е многу важна работа во животот и не прави многу посреќни кога сме хумани кога помагаме на луѓе. Како и лани така и оваа година ќе има и уште се надевам ќе се забавуваме и ќе придонесеме за тоа што треба, за децата- нагласи Бојан Дамјаноски од Бионда бенд.

-Чест ни е што сме дел од ова, по втор пат, лани исто бевме оваа година повторно за нешто друго но сепак е хуманитарно и јас најавив и на социјалните мрежи сето она што го работиме дека навистина треба да сме хумани да не се сведе само кога е потребна помош тогаш да реагираме и да правиме нешто туку треба вакви хумани концерти да има, навистина сме изморени сите но сме цврсто уверени во она што е хуманост и го сакаме и затоа сме тука –истакна Филип Стевановски.

-Куманово секогаш бил хуманитарен град и прв пат ние сме дел од оваа хуманитарна забава од ваков карактер, многу ни е мило што сме дел од неа, луѓето тука се дојдени во голем број и се радувам дека ќе помине многу успешно како што испланиравме-посочи Стефан Петковски од Трета смена бенд.

Освен богатата музичка програма, на настанот се спроведе и аукција на слики, кои ги донираат кумановските уметници, Ана Јовановска, Мирослав Величковски, Мила Трендафиловска, Драган Колебен, Андреа Бојковска, Влатко Тасевски, Игор Спасовски, Елена Клековска. Хуманите кумановци можеа да набават и книги од авторот Милош Димковски. На настанот поддршка дадоа и претставници на општината, политичките партии, уметниците.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)