Се отвори изложбата „Минливи секвенци“

„Минливи секвенци“ е насловот на изложбата на слики на Маја Јаќимовска која се отвори синоќа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Љубителите на уметноста имаа можност да видат дваесетина дела работени во масло на платно.

– Ова се дела кои почнав да ги работам на крајот на моите студии а потоа откако дипломирав на факултетот за ликовна уметност во 2014 година продолжив да работам и да истражувам. Оваа изложба ќе биде преземена и во Прилеп, инаку е моја прва самостојна изложба, Имам учествувано на повеќе колонии групни изложби во Македонија и надвор-истакна авторката.

Роберт Цветковски од Центарот за култура се надева дека творечката енергија на Јаќимовска ќе биде почуствувана од евентуалните конзументи на најновата творечка продукција.

-Кумановската публика вечерва ќе има можност да види уште една изложба која е подржана од програмата на Министерството за култура се работи за Маја Јаќимовска од Крива Паланка инаку таа е мошне интересен автор  бидејќи како основа на своето сликарство го третира вечерното  светло и ефектите кои тоа ги произведува, но тоа не е буквално пресликување на таа ситуација туку тоа само и служи како една точка од која ќе тргне и потоа ќе развие концепт ќе биде интересно за самата изложба-истакна тој.

Маја Јаќимовска е родена 1991 година во Крива Паланка. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Добитник е на втора награда на VII Студентско интернационално арт биенале, а учествувала и на повеќе групни изложби во земјата и во странство.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)