Се отвори изложбата „100 години од македонскиот фронт“

„100 години од македонскиот фронт“ е насловена изложбата која се отвори денеска во Центарот за култура, а е во организација на Асоцијацијата на наставници по историја на Македонија, со финансиска поддршка од Министерството за култура.  Изложбата е составена од 10 паноа на кои се прикажани бројни сведоштва од македонскиот фронт, (текстуални и визуелни) и даваат слика за секојдневниот живот на линијата на фронтот.

-Она што ја прави посебна изложбата е што ние даваме акцент на секојдневниот живот на обичните луѓе на линијата на фонтот. Вообичаено кога се зборува за воени настани, се мисли на воени дејствија, нашиот акцент не е на тоа. Се разбира дека ги спомнуваме не можеме да ги  прескокнеме но акцентот ни е на секојдневниот живот на обичните луѓе. Како тие се справувале со предизвциите  на војната во која биле внесени без нивна вина, желба, како војната ја доживеале децата, жената, секојдневните проблеми и маки со кои се соочувале-истакна Миле Младеновски претседател на Асоцијацијата на наставници по историја во Македонија.

Наставничката по историја при гимназијата Гоце Делчев, воедно и член на асоцијацијата, Анита Зафировска, истакна дека изложбата  во Центарот за култура ќе биде поставена до петок.

-Моите колеги наставници по историја од другите основни и средни училишта можат слободно со учениците да ја посетата во кое било време во текот на денот. Изложбата е составена на 10 паноа, на кои има визуелни  и текстуални делови кои укажуваат за страдањата и маките што ги поминува обичниот човек во текот на отворањето и затворањето на фонтот во периодот од 1916-1918 година-нагласи таа.

Инаку „100 години од македонскиот фронт“ е патувачка изложба, која се презентира низ повеќето градови во државата.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)