Се отвори Малински фото фестивал

Со интернационалната меѓуклупска изложба на фотографии Круг и со самостојната изложба Тага и Радост-Роми на  Бојан Петровиќ Бокац, денеска и официјално се отвори фото фестивалот Малински.  Оваа година изложбата Круг се одржува помеѓу домаќинот Фото клуб Куманово и фото клуб Буфод од Истанбул, Турција а жирито се членовите на фотографското здружение Фотум од Војниц Полска.

-Оние посетители кои дојдоа малку порано навистина се воодушевени од првите две изложби и двата фото клуба покажаа голем интерес имаше голема конкуренција во целиот процес на селекција и мене лично ми остави впечаток изложбата на Петровиќ така што јас ги очекувам сите да дојдат и да го погледат ова богатство од фотографии. Меѓуклупската изложба е единствена со натпреварувачки карактер наградени се Габриела Савеска и двајца автори од Турција со трофеи и другите се со дипломи-нагласи Дарио Королија, менаџер за односи со јавноста на фестивалот.

Авторот на изложбата Тага и радост-Роми, истакна дека делата се сликани од 2012 до минатата година.

– Минатат година направив една кратка пауза затоа што сметам дека треба веќе да го променам начинот на кој ќе продолжам да ги фотографирам ромските деца. Децата секогаш секого радуваат и даваат некоја позитивна енергија некоја моја љубов кон децата, ромските деца се посебно живи и весели во колку и да тешки услови да се наоѓаат и да живеаат така што таа инспирација доаѓа од децата-наведе Петровиќ.

 

Љубителите на фотографската уметност имаат можност да видат 500 фотографии, кои се изложени на различни локации низ градот, односно во центарот за култура, Уметничката галерија, а во театарот ќе има фото проекции како и предавања од Зоран Ѓорѓевиќ за фотографија во филмската уметност. Инаку фестивалот започна синоќа со предавањето на Драгослав Мирковиќ за  аналогна и дигитална фотографија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)