Се отвори прва градинка во Младо Нагоричане

Прва детска градинка со капацитет за сместување на 20 деца од предучилишна возраст, денеска е отворена во општина Младо Нагоричане. Градинката Изворче, која е дел од установата Ангел Шајче првично ќе згрижи десет деца, при што групата ќе биде комбинирана од најмали до деца на возраст до 6 години. На отворањето присуствуваше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска заедно со вице премиерот на Владата, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Министерката истакна дека целта на Владата е рамномерен регионален развој и затоа во периодот што следи руралните средини ќе добијат еднаков пристап во поглед на отворањето градинки.

-Со ова добиваат и родителите на овие деца затоа што имаат можност да се вклучат на пазарот на труд доколку децата ни се згрижени во градинка но исто така градинките даваат и подобар старт за децата понатаму во образованието и економскиот раст и развој за државата ова е многу важно. Државата исто така се грижи за ранливите групи на граѓани и токму затоа минатата недела донесе одлука Владата на Република Македонија да ги ослободи од партиципација во градинка децата кои доаѓаат од еднородителски семејства што е голем исчекор затоа што навистина треба оние кои имаат помалку можности во нашето општество да ги изедначиме можностите со сите граѓани и тие да бидат вклучени-изјави таа.

Министерката дополни дека во наредниот период ќе имаат инвестиции и во раниот детски развој. Потсети дека неодамна имаше и вработувања на неопределено време во градинките при што беа опафатени 485 лица. Директорката на детската установа Ангел Шајче, Марина Алексовска истакна дека во градинката на самиот почеток се вработени по едно лице воспитувач, неговател и хигиеничар.

-Како ќе се зголемува бројот на децата така и од министерството ќе добиваме и дополнителни согласности за нови вработувања и предучилишната дејност е навистина многу важна за децата од предучилишен период, тоа е најпродуктивен период кога децата стекнуваат знаења умеења и навики и затоа реков да се отвораат нови градинки не само во градските средини туку и во руралните каде градинките се неопхходни и за тие деца-истакна таа.

На отворањето на Изворче присуствуваше и градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска, која се надева дека во наредниот период општината како правен субјект, ќе добие сопствена установа која ќе згрижува деца.

-За прв пат во Старо Нагоричане да биде отворена една ваква установа ни е голема чест и благодарност и до општината и на директроката за заложбата на министерството за труд и социјална политика за прв пат да се отвори ваква градинка-додаде таа.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски присуствуваше на настанот и рече дека ова е проект кој е зацртан во програмата на Владата  и кој ги исполнува залагањата на претседателот и на министрите.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)