Се подготвува 14-та по ред „Пифтијада“

Во организација на мултимедијалниот центар „Карпино“ и годинава ќе се одржи традиционалната манифестација Пифтијада. На овогодинешната Пифтијата, која е 14-та по ред, ќе учествуваат 15-ина натпреварувачки. Но освен пријавените, организаторите ги повикаа и сите домаќинки кои сметаат дека направиле добри пифтии да дојдат половина час пред почетокот и да се приклучат во натпреварувањето.

-Традиционално почнуваме со Ангелчиња, закажано е за 12 часот деца од градинката Ангел Шајче, културно уметничко друштво Панче Пешев со народни носии и инструменти, замислено е примопредавање на кумство помеѓу стариот и новиот кум, избор на жири, еминентни експерти од кулинарство и уметници кои треба да следат како се изготвуваат прифтиите и да ги наградат, натпреварувачки дел, културно забавен дел окoлу 1 час, и на крај ќе заврши со зурли и тапани од галичко-лазарополскиот крај -истакна претседателот на здружението, Зоран Павловски.

Претседателот на здружението посочи дека кај граѓаните постои интерес за манифестацијата,  со која се одбележува еден од поголемите христијански празници, Богојавление-Водици.

Павловски ги повика сите среќни добитници кои за Водици ќе го фатат светиот крст да се приклучат на манифестацијата, при што ќе добијат пригодни подароци. 14-тата Пифтијада ќе се одржи во ресторан Грација, со почеток во 12 часот.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)