Се подобрува инклузијата на учениците со попреченост во редовната настава

Голем е интересот за огласот за доделување стипендии на ученици со попреченост кои што ќе се запишат во прво одделение во редовна настава или ќе го продолжат своето образование во второ одделение, информираат од Фондацијата „Чекор по чекор“, која во партнерство со здруженијата „Инклузива“ од Куманово  и „Хендимак“  го реализира проектот  „Биди ИН, биди ИНклизивен, биди ИНклудиран“, а поддржан и од МОН и од Бирото за развој на образованието. Сите заинтересирани можат да аплицираат до крајот на месецов. Огласот  за стипендирање на 300 ученици со попреченост оваа година е достапен  на веб страната на Фондацијата „Чекор по чекор“, а може да се најде и на веб страната на МОН. За наредната година, од фондацијата најавуваат стипендирање на уште 150 ученици. Целта е да се подобри инклузијата и вклученоста на учениците со попреченост во редовното образование.

-Може да аплицираат и кај нас во фондацијата, но и она што е физички поблиску, тоа се канцелариите на здружението „Инклузива“. Стипендиите се доделуваат во времетраење на учебната година, се работи за месечни стипендии, месечната стипендија е во висина од 50 евра. Имаат право да аплицираат и оние родители кои што решиле своето дете да ја продолжи наставата далечински, онлајн, или пак со физичко присуство во училиштето, значи и едните и другите ги покануваме да аплицираат, важно е да споменеме дека не го губат своето право за добивање на минимална парична помош од државата доколку аплицираат за добивање на овие стипендии. Лесен е процесот на аплицирање затоа што имаме документи кои што една обична пријава која што се поднесува и може да се симне на нашата веб страна, треба да имаат родителите потврда за запишаност во прво или во второ одделение, исто така наод и мислење односно документација за видот и степенот на попреченост, изјави  Бранка Џајковска, Фондација „Чекор по чекор“

Доколку се пријават повеќе од триста апликанти, Фондацијата „Чекор по чекор“  предвидува и дополнителни критериуми.

-Предност ќе имаат децата кои што ќе се запишуваат во редовните училишта на сметка на оние кои што доаѓаат од посебните училишта или од посебните паралелки во основните училишта, децата кои што доаѓаат од самохрани родители, згрижувачки семејства, деца каде што има и друг член кој што е со попреченост, деца кои што доаѓаат од семејства со родители со минимални примања, и исто така ќе се води особено сметка и за родовата застапеност.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ финансиски  е поддржан од ЕУ.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)