Се полага странски јазик од државната матура

Во петте средни училишта во градот денеска навреме започна полагање на испитот по странски јазик од државната матура. Директорите на училиштата информираа дека најголем процент од матурантите избрале да полагаат англиски јазик, потоа француски, руски и германски. Во Перо Наков, каде што наставата се одвива на македонски јазик, денеска полагаат 77 ученици аглиски јазик.Лидија Тасевска, директор на училиштето, информира дека учениците кои следат настава  на албански јазик, 132  од нив полагаат англиски и еден францски јазик.

– Се тече нормално подготовките ги направивме во текот на изминатите два дена. Денеска учениците дојдоа навреме, навреме почна тестирањето тука се присутни сите тестатори кои беа назначаени од државниот испитен центар имаме и набљудувачи од страна се е во нормален ред. Со оглед на тоа што се работи за предмет кој учениците го избраа помеѓу странски јазик и математика очекувам јас и сите колеги кои им предаваат убави и високи резултати и се надевам дека успехот кој што го имаме секоја година ќе биде оваа година уште повисок-нагласи таа.

Во гимназијата „Гоце Делчев“ денеска 249 ученици полагаат англиски, тројца руски и двајца ученици француски јазик.  Вкупно десет ученици од средното стручно училиште „Киро Бурназ“, денеска полгаат странски јазик,од нив осум полагаат англиски и двајца француски.

-Ова се ученици од македонски наставен јазик а на албански јазик сите ученици се на завршен испит не полагаат државна матура. Тоа се малку ученици но сепак се надеваме дека сите кои пријавиле дражвна матура дека ќе ја положат за разлика од претходни години овие две последни имаме мало подобрување се надевам дека тој тренд ќе го задржиме и оваа година. Наредното полагање на државна матура е на 14 ти за нашето училиште бидејќи никој нема пријавено математика но имаат други предмети и се надевам дека и тогаш истото ќе го постигнат-истакна директорката Весна Трајковска.

Непречено се одвива полагањето на испитот по странски јазик и во „Наце Буѓони“,каде од македонските паралелеки вкупно 96, од нив 83 англиски, 12 француски и еден руски јазик. 209 ученици кои следат настава на албански јазик полагаат денеска, од нив  195 англиски и 13 француски јазик. Во  „Сами Фрашери“,шест ученици избрале да полагаат германски, еден француски а 253 англиски. На 12 јуни учениците ќе полагаат математика,а на 14-ти предметите: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)