Се помалку деца се вакцинираат навремено

Околу 200 деца од вкупно 500 колку што требало  досега да бидат вакцинирани  според  правилникот за имунизација, се вакцинирани  првите три дена од одбележувањето на Европската недела за имунизација. Вакцинацијата ја спроведува центарот за јавно здравје во соработка со здравствениот дом, а се вакцинираат децата од предшколска и училишна возраст. Вакцинирањето на децата од предшколска возраст го вршат мобилните тимови сместени во амбулантата Тоде Мендол и во здравствениот дом, а останатите деца ги вакцинираат теренските тимови од  посочената  амбуланта, информираат  од центарот за јавно здравје.

-Нашите активности се во кампањата подигнување на свеста на родителите секако за да сфатат што значи бенефит на едно вакцинирано дете.Вакцинацијата е најголемата придобивка да се спречат сите оние заразни болести кои во минатото давале голема смртност и компликации кои што се со големи последици, изјави д-р.Јадранка Стаменковска , Центар за јавно здравје

Последнава година кај нас и во регионот се бележи намален опфат на децата со имунизација , најмногу како резултат на антивакциналните кампањи кои што ги водат родителите, но и одреден број здравствени работници, потенцираат надлежните.

-Кај нас опфатот секогаш бил над 95 проценти за одделни вакцини меѓутоа веќе оваа година се бележи за одделни вакцини овој опфат под 95 проценти. Значајно е родителите да знаат дека за се она за што се боревме до сега воведување на поливалентни вакцини започна од месеците август и септември така што веќе имаме поливалентни петоваленти и шестовалентни вакцини со кои се намалува бројот на боцкања кај децата до една година, од 12 боцкања до една година бројката се намали на 7 боцкања , изјави Стаменковска.

Надлежните апелираат до родителите навремено да ги вакцинираат своите деца според правилникот за имунизација .

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)