Се поставуваат нови клупи во централното подрачје

Јавното претпријатие Чистота и Зеленило започна акција за замена на постоечките и поставување на нови клупи во централното градско подрачје. Како што информираше новиот директор Даниел Стојчевски, веќе се заменети дел од клупите во Соколанскиот парк, а нови се поставени на Градскиот плоштад. Дотраените ќе бидат обновени и нив ќе можат да ги користат посетителите на стариот Градски парк, кој се наоѓа во близина на автобуската станица.

-Клупите ни стигаат парцијално и како што пристигнуваат паралелено со нашите екипи сме на терен и вршиме замена, ги поставуваме на одредени места. Имаме акција за разленување и косење во Соколанскиот парк, парлалено со поставување на новите клупи поставуваме и нови корпи за отпадоци имаме пристигнато околу 100 клупи и 80-ина корпи за отпадоци. Во текот на викендот спроведовме уште една акција по кој знае кој пат за чистење на дивата депонија кај Туш и би сакал да упатам апел до несовесните граѓани да не фрлаат отпад на истата локација за да ја зачуваме животната средина и би сакал да упатам апел до граѓаните да ни ги кршат клупите бидејќи тие се за општо добро, ние ги користиме, уживаме во нив-нагласи Стојчевски.

Кумановци со кои што поразговаравме се задоволни што надлежните покажуваат интерес за уредување на зелените површини. Тие поздравуваат што се уредуваат парковите, но нагласуваат да се работи и на свеста кај помладите.

-Убаво излега ново, се што е ново е убаво, но не верувам дека можат да го сочуваат. Многу доаѓаат младите, возат мотори, со кучиња. Што  е убаво да но ако ги сочуваме. Гледам и цвеќето е убаво, паметам како дете, имаше човек чувар на паркот, тогаш беше се заштитено-вели еден возрасен граѓанин.

-Се гледа штом клупите се нови и паркот доби нов лик, малку е но ќе стигнат уште клупи. Многу зависи да се има човек кој ќе води сметка за несовесните граѓани, да е заштитено. Нашите луѓе мора да ги пазиш за да не направат белја. Убаво е дрвата се стари со години ги помнам како дете и задоволни сме гледаме дека нешто се работи-додава друг кумановец.

Од јавното претпријатие Чистота и Зеленило информираа дека во моментов вршат анализа и ги лоцираат дивите депонии на територија на општината. Веќе од наредната недела е планирано да започнат со чистење на сметот кај поранешен Житомел, на булеварот Октомвриска револуција.

Коментари

коментар(и)