Се поставува монтажна катна гаража

Монтажната катна гаража на паркингот кај центарот за култура комплетно ќе биде поставена до крајот на март месец , по што ќе биде пуштена во употреба, информира градоначалникот Максим Димитриевски. Монтажата ја спроведува , како што вели Димитреивски, сериозна италијанска компанија со претставништво во Република Македонија.

– Таа ќе биде прва катна монтажна гаража која што ќе биде монитирана во нашиот град, се работи за навистина сериозна инвестиција. Вакви проекти кои што се реализираат во Европа, вчера на неврзан разговор на оваа тема со некои претставници и познаници на оваа работа кажуваат дека во Европа чинат и до два ипол до три пати поскапо отколку кај нас, но имаме за среќа да склучиме договор со фирма која што брка референца во РМ, Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово

Со поставувањето на катната гаража треба да се создадат повеќе паркинг места во централното градско подрачје, за да се ослободат тротоарите и коловозите од непрописно паркираните автомобили, велат надлежните.

-Навистина верувам дека ќе добиеме импозантна монтажна катна гаража која што ќе го разубави центарот на градот и нема да направи дополнителен метеж во сообраќајот,  туку ќе го растерети паркирањето во ова централно градско подрачје за скромни средства. Од моментално постоечката состојба бројот најмалку ќе се дуплира, а покрај тоа во фаза на преговори сме во склоп на гаражата конечно да се изгради и јавен тоалет за централното градско подрачје, изјави Димитриевски.

За изградба на ова паркиралиште, според податоците на одделението за јавни набавки, општината одвоила скоро 13 милиони денари без данок на додадена вредност. Монтажната катна гаража ќе зафаќа простор од 1.250 метри квадратни.

На оваа локација, според податоците на јавното претпријатие „Куманово-Паркинг“ претходно имаше 40 паркинг места.

Инаку, катната гаража кај центарот за култура е една од трите гаражи, кои што ги вети градоначалникот на граѓаните. Останатите две треба да се постават кај трговскиот центар СУ-МА и на паркингот  зад  Централнa-Кооперативна банка.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)