Се пошумуваат Степанце и Жегљане

Стотина јакни, детски ранци и друга спортска опрема донираше вчера Лајонс клуб Скопје за социјално ранливите категории во општина Старо Нагоричане. Донацијата е врачена на градоначалничката Жаклина Јовановска,  а општината понатаму треба да направи распределба на детската облека и спортска опрема и да ја подари на учениците во социјален ризик и на децата со посебни потреби. Ова е прва соработка меѓу Лајонс Клуб Скопје и Општина Старо Нагоричане, информира Јовановска, потенцирајќи дека соработката со Лајонс клуб од Куманово трае подолг временски период преку разни активности организирани во градинката и основните училишта на територијата на општината.

Во принцип, Лајонс  клубовите им помагаат на слепите лица и лицата со ослабен вид, но исто така имаат и цврста определба да служат и на заедницата и младите во светот.

Инаку, вчерашниот ден за Општина Старо Нагоричане беше полн активности. Во организација на општината, а во соработка со пчеларското здружение „Трмка“, ученици од средното стручно училиште „Киро Бурназ“  и претставници на доброволното противпожарно друштво од Старо Нагоричане беа засадени садници во реонот на селата Жегљане и Степанце, а како што информира градоначалничката Јовановска покрај регионалниот пат кон Кокино засадени се 500 чемпреси.

За две недели општината ќе организира и акција за калемење на диви круши.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)