Се празнува Ѓурѓовден, празник на пролетта

Плетење на венец од растенија, закитување на влезните врати во куќите и дворовите со „ѓурѓовденско цвеќе“, миење со водата во која се потопуваат растенија, капење во река… само се дел од народните обичаи кои се прават на денешното празнување на празникот Ѓурѓовден.

Православните верници денес го прославуваат Ѓурѓовден, празник во чест на Свети великомаченик Георгиј Победоносец, кој е и симбол на пролетта.

Тој живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар Диоклецијан (284-305 година).

Како голем празник Ѓурѓовден се поврзува со Велигден, па и во народната песна се пее за нивната поврзаност, за зазеленувањето на вегетацијата и за враќањето на животот по пасивниот зимски период.

Именден празнуваат: Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка и сл.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)