Се проширува асортиманот на операциите во болницата

Се проширува асортиманот на операциите на Хируршкото одделение во  општата болница. Лапароскопски операции во дигестивна хирургија во Куманово се изведуваат речиси пет години.  Брзо заздравување, помала болка, скратено време на хоспитализација, побрзо враќање кон секојдневниот живот и работа и подобри резултати во споредба со класичните хируршки методи се клучните предности на лапароскопската хирургија, посочуваат лекарите. Видот на операциите во Куманово почна да се проширува откако болницата набави современа опрема и апаратура, а обезбеди и соодветна дополнителна едукација на лекарите и медицинскиот персонал од страна на стручен кадар, врвни професори од Скопје.

-Покрај она што веќе е стандард во нашето работење лапарoскопски операции од дигестивна хирургија, значи лапароскопски операции на жолчка почнуваме и со лапароскопски операции на слепо црево, артроскопски операции, ортопедски. Ортопедија веќе на големо работи со сите скршеници на колкови, ендопротези на колк, секако дека понатаму ќе одиме на уште поголем асортиман на операции. Имаме двајца ортопеди кои што извонредно работат, ќе настојуваме во дигестивна хирургија исто така повеќе операции да воведеме затоа што и тука имаме одличен тим, изјави Снежана Захариева , директор на Општа болница Куманово

И лекарите од Гинекологија и акушерство од Нова година ќе се едуцираат  за изведување лапароскопски гинеколошки операции, информираат надлежните.

-Планираме да едуцираме и други кадри за ехо-дијагностика на абдоминални органи, кардиологија и она што во моментот е ново тоа е да веќе имаме колешка интернист која што е едуцирана за гастроскопија. Порано тоа го работеше приватен лекар, тој се уште има договор со нас, но и колешката отпочна со работа па и тука ќе мора да набавиме уште апаратура. Се надевам дека ќе смогнеме сили на задоволство на нашите пациенти кои нема да мора да одат во Скопје, изјави Захариева.

Захариева потенцира дека со оглед на тоа колкава бројка на пациенти згрижува болницата бидејќи тука се сместуваат болни од целиот Североисточен регион, максимално се труди преку обезбедување едукација на кадарот и набавка на нова опрема да го прошири асортиманот на услугите кои што ги дава кумановската болница.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)