Се проширува градинката „Синоличка “

Со доградба на две простории ќе се проширува капацитетот на објектот „Синоличка“ во близина на градскиот стадион. Доградбата, како што информира директорката на детската градинка „Ангел Шајче “ , Марина Алексовска ја финансира министерството за труд и социјална политика, а ќе биде обновена и фасадата.

-Не само што ќе се изгради од страна на MТСП овие две прострии, туку и целосно ќе бидат опремени со опрема и со дидактика. Исто така, од МТСП ќе се направи и термо фасада, меѓутоа за целиот објект за да се направи таа термо фасада бидејќи самата фасада е многу оштетена и самата столарија е дрвена и оштетена и стара од страна на нашата установа со сопствени приходи ќе се изврши целосна реконструкција на фасадата на целиот објект и целосна замена на дрвената столарија со ПВЦ прозорци. Капацитетот на овие две простории ќе биде за 50 деца. Се надеваме и планираме бидејќи има големо побарување од граѓаните во една од тие простории да отвориме билингвална македонско-албанска група затоа што интересот за оваа група е навистина голем и се надеваме уште една таква билингвална група да отвориме во објектот „Славејче“  што се наоѓа кај градскиот пазар. Сепак тоа е во план, кога ќе се заврши изградбата тогаш ќе можеме сите тие работи да ги реализираме, изјави Марина Алексовска, директор на ЈО „Ангел Шајче“

Потребата од проширување на капацитетите на детската градинка произлегува од бројката на дечињата кои што се листата на чекање за прием во установата. Како што информира директорката Алексовска, 599 дечиња не можат да бидат примени поради исполнетиот капацитет во објектите.

– Главниот прием за новопримени деца се вршеше во текот на месец јуни, меѓутоа согласно Законот  за заштита на деца, приемот на деца се врши во текот на целата година и во склоп на установата постои Комисија за прием на деца која што работи секој месец, последниот петок од месецот, меѓутоа тоа не значи дека имаме можност да ги примиме. ние само ги разгледуваме тие нови барања, тие нови пријави, доколку сме во можност ќе примиме , меѓутоа за жал, во моментот бројката на старо и ново запишани деца е 1957 деца, а на листа на чекање имаме 599 деца, изјави Алексовска.

Детската градинка „Ангел Шајче“  располага со осум објекти и два центри за ран детски развој, но со оглед на бројката на децата кои што се листата на чекање, повеќе од потребно е доградба и изградба на нови градинки во градот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)