Активно се работи на санацијата на кровот на основното училиште Браќа Миладиновци. Се санира кровот кој протекуваше изминатиот период. Градежните работи по тендерот на Министерството за образование ги изведува фирма Ибро Комер од Липково. МОН одвои скоро 15 милиони денари за проектот санација на кров, замена на кровниот покривач. Избрана е фирма надзор. Надлежните од училиштето информираат дека се задоволни од динамиката на изведување на градежните активности. Очекуваат со санацијата да бидат опфатени таваните на училниците и ходникот кои се оштетени од влагата за да има безбедни услови за почетокот на новата учебна година.
Периодот кој следи велат ќе се искористи и за санација на таваните и за варосување на внатрешноста на објектот.