Се расчистуваат улиците од снежните врнежи

По вчерашните врнежи од снег, екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ вршат прскање со „ICE MELT” средство против подмрзнување на градските плоштади, тротоарите и други фреквентни места во градот. Средството е неотровно и безбедно за околината, информираат надлежните. Инаку, на улиците  во централното градско подрачје, булеварите и останатите улици во градот се распрскува специјална течност и се фрла сол, со цел да не подмрзнат и побрзо да се стопи снежната покривка. Од општината соопштуваат дека на локациите каде што има поголеми наноси од снег се интервенира со механизација.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)