Се реконструираат санитарните јазли во „Битолски конгрес“ во Лопате

Тече реконструкцијата на санитарните јазли во основното училиште „Битолски конгрес“ во кумановското село Лопате.

Општина Куманово одвои 754.846 денари за санација на тоалетите, а на јавниот оглас избрана е компанијата „БФ-АДИС“ од село Отља, липковско.

Последен пат тоалетите се санирани пред дваесетина години помеѓу 2001 и 2002 година-изјави директорот на училиштето, Шенд Мухтари.

Во ова училиште во село Лопате, настава во две смени следат 228 ученици од прво до деветто одделение на македонски и албански наставен јазик.

Подготвен е и проект кој е во тендерска постапка за промена на покривот, а се подготвува и за изградба на спортско игралиште.

 

Коментари

коментар(и)